РАДЕВ НЕ ПРИФАЌА ЕВРОПСКИ ИСТОРИЧАРИ ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО МАКЕДОНСКО-БУГАРСКАТА ИСТОРИСКА КОМИСИЈА

    РАДЕВ НЕ ПРИФАЌА ЕВРОПСКИ ИСТОРИЧАРИ ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО МАКЕДОНСКО-БУГАРСКАТА ИСТОРИСКА КОМИСИЈАОд денешното заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј на претседателите Стево Пендаровски и Румен Радев во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим. (Фото: Кабинет на претседателот Пендаровски)

    Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека нема потреба од европски историчари во мешовитата македонско-бугарска историска комисија, нешто што е содржано во португалскиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија.

    „Немаме потреба од посредници. Никој не ја познава нашата историја подобро до самите нас“, изјави Радев денеска во Рим, каде што е заедно со македонскиот колега Стево Пендаровски на чествување на светите браќа Кирил и Методиј.

    Радев вели и дека комисијата ќе го сработи делот од историјата, но најважно е неопходните чекори да се направат на високо политичко ниво.

    „Тие чекори не минуваат низ другите европски престолнини и оттаму да биде вршен притисок врз Бугарија, во никаков случај“, изјави бугарскиот претседател.

    Пендаровски рече дека напредок е можен само ако во дијалогот двете држави влегуваат еднакви.

    „Сакаме да покажеме дека и на Балканот има луѓе, има политичари кои можат да зборуваат со европски јазик кога зборуваат за нашите актуелни проблеми и предизвици, и се разбира, за нашата иднина. Во колегата Радев овие два дена најдов еден соговорник со кој можеме да разговараме на ист јазик, не зборувам тука за македонскиот и за бугарскиот јазик, зборувам за европскиот јазик, кој единствено може да донесе подобра, посреќна иднина за нашите две држави и за нашите два народи“, изјави македонскиот претседател.

    Работата на мешовитата историска комисија е стигната до раниот среден век.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира