ПРОЕКТОТ „ДОБРО СУМ“ НА МАРИЈА КОНЕСКА НА ИЗЛОЖБА ВО КОНЦЕПТ 37

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРОЕКТОТ „ДОБРО СУМ“ НА МАРИЈА КОНЕСКА НА ИЗЛОЖБА ВО КОНЦЕПТ 37

    „Добро сум“, најновиот проект на уметницата Марија Конеска, ќе биде изложен во „Концепт 37“ од утре (20 октомври). На изложбата ќе бидат претставени 16 дела или 16 ликови што секој од нас ги носи со себе, предадени во еден фатен и фиксиран момент ја пренесуваат и променливоста т.е. динамиката соодветна на мислата.

    Делата се поставени слободно во простор, без никакви ограничувања, без рамки и дополнителни интервенции што овозможува експресијата да биде доминантна. „Добро сум” е резултат на наградата добиена од „Концепт 37“ на последниот саем на современа уметност „Paratissima“, Скопје.

    Досега, таа има остварено четири самостојни изложби и има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија и во странство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира