САД ЛАНСИРАА ВОЗДУШНИ НАПАДИ ПРОТИВ ПРОИРАНСКИ МИЛИЦИИ ВО СИРИЈА И ИРАК

    САД ЛАНСИРАА ВОЗДУШНИ НАПАДИ ПРОТИВ ПРОИРАНСКИ МИЛИЦИИ ВО СИРИЈА И ИРАКОва е втор воздушен напад одобрен од Бајден откако влезе во Белата куќа (Фото: АП)

    САД лансираа воздушни напади против проирански милиции на ирачко-сириската граница. Пентагон соопшти дека биле погодени оперативни објекти и складишта за оружје како одговор на неодамнешните напади со дронови врз американските сили.

    „Претседателот Џо Бајден дејствуваше за да се заштити американскиот персонал“, кажа Пентагон.

    Оттаму не дадоа никакви информации за евентуални жртви, но набљудувачки групи кажаа дека загинале петмина милитанти, а имало и повеќе повредени. Сириската новинска агенција „Сана“ објави дека загинало едно дете и дека најмалку три лица се повредени.

    Ова е втор воздушен напад одобрен од Бајден откако влезе во Белата куќа.

    Американските сили сместени во Ирак беа цел на неколку напади со дронови во изминатите месеци, но Иран ја негираше вмешаноста во нив.

    „Прецизните дефанзивни воздушни напади погодија две цели во Сирија и една во Ирак, користени од две проирански милитантни групи“, соопшти Пентагон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира