Аргентина ноќеска го освои првиот трофеј од 1993 година и Лионел Меси конечно освои титула со својот национален тим по победата од 1:0 против Бразил во финалето на Копа Америка на „Маракана“ во Рио Де Жанеиро.
Голот на Анхел ди Марија во 22. минута беше доволен за тимот на Лионел Скалони да го освои јужноамериканскиот шампионат и 34-годишниот Меси, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, да го освои долгоочекувануиот трофеј.
По голот на Ди Марија, Бразил напаѓаше силно, но одбраната на Аргентина, составена од Николас Отаменди, Херман Пецела и Кристијан Ромеро успеа да ги задржи Бразилците да не постигнат гол за првпат по 2019 година.
Кога судијата означи крај, сите играчи со трчање се упатија кон Меси, кој падна на колена и не му се веруваше дека стана шампион.