ПОЖАРОТ КАЈ САРАЈ НЕ СЕ ИЗГАСИ НИ СО 17 ТОНИ ВОДА, ГОРНО МЕЛНИЧАНИ БАРА ХЕЛИКОПТЕРИ

    ПОЖАРОТ КАЈ САРАЈ НЕ СЕ ИЗГАСИ НИ СО 17 ТОНИ ВОДА, ГОРНО МЕЛНИЧАНИ БАРА ХЕЛИКОПТЕРИСѐ уште има активни пожари низ земјата. - Од гаснењето на пожарот во Будинарци. (Фото: К. Попов)

    Се уште е активен пожарот кај селото Раовиќ и Буковиќ во скопската општина Сарај, рече денеска Надица В’чкова од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    „Таму гори мешана шума, вчера беше извршено догаснување на постоечките жаришта, а како поддршка на припадниците на Министерството за внатрешни работи (МВР) и на Армијата се вклучија и црногорските хеликоптери со 12 налети испуштајќи големи количини вода. Но, најверојатно се работи за специфично земјиште, кое и покрај искористени 17 тони вода, не успеа целосно да се изгаси“, кажа В’чкова.

    Пожарот кај Барово и Вешово во Демир Капија вчера беше ставен под контрола, а активен е пожарот кај селата Ракле, Никоди и Топлица во Прилеп.

    В’чкова кажа и дека е активен пожарот кај селото Горно Мелничани, Општина Центар Жупа, каде ноќеска на терен останале дел од екипите, а во текот на денот ќе се разгледува за барањето на градоначалникот на Општината да се интервернира од воздух.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира