БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ НА ХАИТИ ПОРАСНА НА 1.300, НЕ СЕ ЗНАЕ КОЛКУ ИМА ИСЧЕЗНАТИ

    БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ НА ХАИТИ ПОРАСНА НА 1.300, НЕ СЕ ЗНАЕ КОЛКУ ИМА ИСЧЕЗНАТИХаити и пред 11 години доживеа катастрофален земјотрес (Фото: АП)

    Властите на Хаити потврдија дека најмалку 1.297 луѓе загинале во саботниот земјотрес од 7,2 степени, додека спасувачите продолжуваат да пребаруваат по урнатините во очајничка потрага по преживаени. Домови, цркви и училишта се срамнети со земја, додека болниците се преполни со пациенти и имаат недостиг од залихи.

    Во земјотресот има 5.700 повредени, додека бројот на исчезнати засега не е познат.

    Катастрофата ја погоди сиромашната карипска нација додека излегува од политичка криза, која уследи по убиството на претседателот Жовенел Моисе минатиот месец.

    Најголемите разурнувања се забележани во југозападниот дел на Хаити, особено околу градот Ле Каје, каде што се целосно уништени 1.500 куќи. Епицентарот бил 12 километри од градот Сен-Луј ди Суд, но тресењето се почувствувало и во густо населениот главен град Порт о Пренс, оддалечен 125 километри, како и во околните земји.

    Премиерот Ариел Анри прогласи едномесечна вонредна состојба и ја повика нацијата да покаже солидарност. Меѓународната заедница вети дека ќе испрати помош.

    Во земјотресот што го погоди Хаити во 2010 година загинаа над 200.000 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира