Утрово на Клиниките за кардиохиругија и урологија започна трансплантација на срце и бубрези од починат дарител. Како што соопшти Министерството за здравство, по интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово е завршена експлантацијата на срце и бубрези на 42- годишна пациентка чија последна желба била да ги донира своите органи.
„Трансплантацијата на срце се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на четириесетина години кои се на дијализа“, велат од Министерството за здравство.
Почнувајќи од мај 2020 досега, извршени се експлантации од 7 починати донори, а трансплантирани се 5 срца, 12 бубрега, 1 коскено ткиво.