АТАНАС ВАНГЕЛОВ, ПАВЛЕ КУЗМАНОВСКИ, БЕДИА БЕГОВА И МАХИ НЕСИМИ ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „11 ОКТОМВРИ“

    АТАНАС ВАНГЕЛОВ, ПАВЛЕ КУЗМАНОВСКИ, БЕДИА БЕГОВА И МАХИ НЕСИМИ ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „11 ОКТОМВРИ“Павле Кузмановски е еден од тројцата наградени за животно дело во областа на културата и уметноста (Фото: СДК.МК)

    Оваа година ќе има четворица добитници на наградата „11 Октомври“, највисокото признание во областа на науката, уметноста, стопанството и други дејности во Македонија.

    Филологот Атанас Вангелов е награден за животно дело во областа на науката и образованието. Седумдесет и петгодишниот Вангелов бил професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а работел и како новинар, преведувач, драмски автор и критичар.

    За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на академскиот сликар Павле Кузмановски, актерката Бедиа Бегова и на политиколот Махи Несими.

    Врачувањето на наградите ќе се одржи на 11 октомври во 12 часот во Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира