РЕЦИКЛИРАНИ 270.000 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ВО МАШИНИТЕ НА „ПАРКИНЗИ ЦЕНТАР“ ПРЕКУ КОИ ГРАЃАНИТЕ ДОБИВААТ ПАРИ

    РЕЦИКЛИРАНИ 270.000 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ВО МАШИНИТЕ НА „ПАРКИНЗИ ЦЕНТАР“ ПРЕКУ КОИ ГРАЃАНИТЕ ДОБИВААТ ПАРИДосега се поставени 14 машини, а од оваа недела во функција ќе бидат ставени уште 10. (Фото:СДК.МК)

    Преку повратните вендинг машини на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ досега се рециклирани 275.484 пластични шишиња. За рециклираната амбалажа жителите на Центар преку грин пеј картичката добиваат назад пари, кои можат да ги искористат за плаќање паркинг или во дел од продавниците и локалите со кои претпријатието има склучено договор.

    „Интересот на граѓаните за користење на повратните вендинг машини за рециклирање е навистина голем. За помалку од една година над 270.000 пластични шишиња не завршија на улиците или во контејнерите со останатото ѓубре, туку се рециклирани. Ваквите бројки ни даваат мотив да продолжиме да инвестираме во овој проект за да создадеме модерна општина по пример на светските трендови“, велат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

    На територија на Општина Центар досега има поставено 14 машини за рециклирање, а деновиве во функција треба да бидат ставени уште 10, со што како што велат од претпријатието ќе се овозможи што повеќе граѓани да рециклираат.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира