На денешната конститутивна седница на Советот на Општина Штип, свечена изјава дадоа само советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои се мнозинство, а седницата ја напуштија советниците на СДСМ, бидејќи во писмената свечена изјава стоеше Република Македонија, место уставното име Република Северна Македонија, објави државната агенција МИА.
Советниците од СДСМ рекоа дека не треба да се оди против Уставот и побараа правно толкување од службите, но нивното барање беше одбиено, по што тие си заминаа.
Во Штип, ВМРО-ДПМНЕ има 13 советници, СДСМ 9 и Левица 1.