РЕК „Битола“ е ставен во функција и продолжува со производство на електрична енергија, по проблемите со кои се соочи вчера кога поради скината цевка Блокот 1 беше исклучен од електроенергетската мрежа и 24 часа РЕК не произведуваше струја.
Од Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) соопштија дека ноќва во три часот Блок 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на земјава. Продолжуват активностите за ставање во функција и на Блок 2 кој беше во ремонт. Се очекува до крајот на неделата и оваа постројка да биде во мрежата.
Во периодот кога во РЕК не работеа блоковите, потребите за струја се задоволуваа од останатите капацитети, како и со набавена електрична енергија, велат од комбинатот.
Ж. ЗДРАВКОВСКА