КАРАКАЧАНОВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ВО ПАРТИЈАТА, НЕГОВИОТ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ УАПСЕН ЗА КУПУВАЊЕ ГЛАСОВИ

    КАРАКАЧАНОВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ВО ПАРТИЈАТА, НЕГОВИОТ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ УАПСЕН ЗА КУПУВАЊЕ ГЛАСОВИКаракачанов е долгогодишен лидер на ВМРО, а до неодамна беше министер за одбрана и вицепремиер во владата на Бојко Борисов. (Фото: Фејсбук)

    Претседателот на бугарската партија ВМРО Красимир Каракачанов поднесе оставка откако партијата освои едвај 1 отсто од гласовите на вчерашните парламентарни избори.

    Покрај него, оставка поднесоа и потпретседателите Ангел Џамбаски, Искрен Веселинов, Атанас Стојанов и Милен Михов. Еден од нив, Стојанов, кој е градоначалник на Сандански, беше уапсен и задржан 24 часа во полиција за купување гласови.

    Каракачанов е долгогодишен лидер на ВМРО, а до неодамна беше министер за одбрана и вицепремиер во владата на Бојко Борисов.

    „Ги повикуваме бугарските политички партии, застапени во Народното собрание, да не отстапуваат од заштитата на бугарските интереси во Македонија“, напиша Каракачанов на Фејсбук по оставката.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира