323 БУГАРИ ГЛАСАА ВО МАКЕДОНИЈА, РАДЕВ ПОБЕДИ СО 205 ГЛАСА

    323 БУГАРИ ГЛАСАА ВО МАКЕДОНИЈА, РАДЕВ ПОБЕДИ СО 205 ГЛАСАРадев и македонскиот претседател Стево Пендаровски пред заедничкото заминување за Рим на 26 мај 2021. (Фото: СДК.МК)

    Во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, кој се одржа вчера, во Македонија гласаа 323 бугарски државјани, што е двојно помалку од пред две недели, кога паралелно со првиот круг од претседателските избори се одржаа и парламентарните избори, според податоците на Централната изборна комисија.

    Од 323-те гласа во Македонија, 205 освои досегашниот претседател Румен Радев, кој освои втор мандат со над 66 отсто од вкупниот број на излезени избирачи. Неговиот противкандидат во вториот круг, Атанас Герџиков, во Македонија освои 123 гласа.

    Во Македонија вчера се гласаше во Битола, Кавадарци, Охрид, Прилеп, Скопје, Струмица и Штип. Најголема излезност имаше во Скопје со 128 гласачи и во Охрид со 84 гласачи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира