ВО НЕМИРИТЕ ВО КАЗАХСТАН ЗАГИНАЛЕ 225 ЛУЃЕ

    ВО НЕМИРИТЕ ВО КАЗАХСТАН ЗАГИНАЛЕ 225 ЛУЃЕ50 илјади луѓе учествувале на протестите кои беа најголеми на 5 јануaри, кога демонстрантите упаднаа и запалија владини објекти, возила, банки и продавници. (Фото: ТАСС)

    Телата на 225 загинати во нередите во Казахстан минатата недела, вклучувајќи 19 припадници на безбедносните сили, биле однесени по мртовечници низ земјата, соопштија од канцеларијата на Јавниот обвинител.

    Во оваа бројка се вклучени цивили и „вооружени бандити“ убиени од полицијата и армијата, кажа обвинителот Серик Шалабајев.

    Насилни протести избија Казахстан месецов по зголемувањето на цените на горивата. Според Шалабајев, 50 илјади луѓе учествувале на протестите кои беа најголеми на 5 јануaри, кога демонстрантите упаднаа и запалија владини објекти, возила, банки и продавници во неколку поголеми градови во земјата.

    Казахстанскиот претседател Касим-Јомарт Токајев побара и доби помош од Русија за смирување на немирите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира