Од 10-24 февруари во рамкте на Берлинале, изложбата „Чувства, знаци, страсти“ динамично ќе го проектира филмот „Сликовница“ на Жан-Лик Годар во просторот во Домот на светската култура. Посетителите на изложбата можат да патуваат во филмот на Годар и да шетаат низ него како низ шума. Филмот ќе се проектира преку 40 монитори и 20 звучници.
Филмот на Годар од 2018 е политичка филмска поема. Во пет поглавја и епилог, режисерот комбинира слики од филмот и современата историја во асоцијативен колаж, фрлајќи критички поглед на 20. век и доведувајќи го во прашање создавањето слики, уметност, војна, религија, претставување и право. Куратор на изложбата е Фабрис Арањо, кинематографер и продуцент на „Сликовница“, во соработка со Годар. По претставувањето на изложбата во јуни 2020 на фестивалот во Нион, сега за првпат ќе биде е изложена во Германија.
„Изложбата ‘Чувства, знаци, страсти’ е суштинскиот контрапункт на посебната почит што Берлинале му ја оддава на Жан-Лик Годар со три проекции на филмови во различни делови на фестивалот, во Берлинале класици, во омажот на Изабел Ипер и во Средби со филмот ‘Се гледаме в петок, Робинсон’ каде Годар го игра главниот лик“, вели уметнички директор на Берлинале Карло Катријан.