Оксфордскиот речник на англиски јазик го прогласи „пост-вистина“ за збор на годината, со оглед на она што го нарече 12 „многу набиени“ политички месеци.
Зборот е дефиниран како придавка која се однесува на околности во кои објективните факти се помалку влијателни во формирањето на јавното мислење отколку емотивниот елемент. Овој збор е избран по британското гласање за Брегзит и претседателските избори во САД.
Оксфордскиот речник вели дека ова би можел да биде еден од клучните зборови на нашето време.
„Пост-вистина“, што е во врска со фразата „политика на пост-вистината“, е избран пред други политички термини како „брегзитер“ или „алт-десница“, селектирани да ги изразат општествените, културните, политичките, економските и технолошките трендови во 2016.