ПОЧИНА ПЕТАР ТУТАВАЦ, ТВОРЕЦОТ НА БИСКВИТИТЕ „ДОМАЌИЦА“ И „ПЛАЗМА“

    ПОЧИНА ПЕТАР ТУТАВАЦ, ТВОРЕЦОТ НА БИСКВИТИТЕ „ДОМАЌИЦА“ И „ПЛАЗМА“Тутавац ниеден свој производ не патентирал (Фото: приватна архива)

    Петар Тутавац, творецот на популарните бисквити „домаќица“ и „плазма“, почина на 88 години. Покрај тоа, Тутавац ги создал и првите грисини и бил првиот мајстор за бисквити во Југославија.

    Роден во БиХ, Тутавац во 1949 година се пријавил на курс за правење бисквити што го распишала фабриката „Краш“ од Загреб и станал првиот школуван изработувач на бисквити во земјата. Подоцна се вработил во „Краш“, а неговиот прв оригинален производ била „домаќица“, која всушност била негов дипломски труд. Таа подоцна доживеала разни варијации, но основата остана токму онаква како што ја замислил Тутавац.

    Врвот на кариерата го достигнал во Пожаревац, каде што ја основал фабриката „Бамби“ и бил еден од креаторите на рецептот за „плазма“. Тутавац ниеден свој производ не патентирал.

    „Тоа беа други времиња, кога знаењето не се криело, туку се делело. Сите мои рецепти и производи се правени под името на ‘Бамби‘. Тогаш се сметало дека сето тоа му припаѓа на народот“, изјави Тутавац лани во интервјуто за „Слободна Далмација“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира