ЗНМ ГИ НАГРАДИ НАЈДОБРИТЕ ФОТОГРАФИИ НА ТЕМА БЕГАЛСКИ БРАН

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗНМ ГИ НАГРАДИ НАЈДОБРИТЕ ФОТОГРАФИИ НА ТЕМА БЕГАЛСКИ БРАН

    Здружението на новинари на Македонија ги награди фоторепортерите Маја Златевска, Огнен Теофиловски и Ѓорѓи Личовски за најдобри фотографии на тема бегалскиот бран во 2015 година.

    Првата награда ја освои Златевска од „Дневник“, втората му припадна на Теофиловски од „Вест“ и третопласиран е Личовски од „Сакам да кажам“ во изборот на ЗНМ за фотографии од бегалците кои поминаа низ Македонија, бегајќи од војните во нивните земји. По доделувањето на наградите, во Музејот на Македонија во Скопје се одржа изложба со најдобрите 50 фотографии, со кои на огласот се пријавија над 20 фоторепортери.

    Оваа активност на ЗНМ е дел од проектот посветен на македонските фоторепортери, поддржан од амбасадата на САД, Канцеларијата на УНХЦР во Скопје и Македонското здружение на млади правници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира