Дедото со пиштол го уби поранешниот зет утрово во Битола, откако овој со мачета (голем нож) насила му упаднал во семејната куќа и ѝ се заканувал на поранешната сопруга, ќерка на осомничениот. Убиен е 44-годишниот битолчанец Стојанче С. од неговиот поранешен тест Т. Ѓ. (62) од Битола.
Според СВР-Битола, таткото на девојката пукал со пиштол и го погодил поранешниот сопруг на ќерката, кој починал на местото на настанот.
Неофицијално, битолчанецот пукал во самоодбрана и одбрана на својата ќерка. Убистото се случило утрово нешто пред шест часот во претсобјето од семејната куќа на обвинетиот. Полицијата го лишила од слобода осомничениот.
Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Битола. По наредба на обвинителот, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Ж. ЗДРАВКОВСКА