ПРОМОВИРАН ИЗБОРЕН КОМПАС ЗА ПРОВЕРКА НА ПАРТИСКИТЕ ПРОГРАМИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРОМОВИРАН ИЗБОРЕН КОМПАС ЗА ПРОВЕРКА НА ПАРТИСКИТЕ ПРОГРАМИ

    Институтот за истражување и општествени иновации „Импакт“ денес ја промовираше бесплатната онлајн алатка www.izborenkompas.mk, со која гласачите ќе можат да ги споредат своите ставови со програмите на политичките партии кои учествуваат на предвремените парламентарни избори на 11 декември.

    „Граѓаните имаат можност да одговорат на серија од 30 внимателно селектирани важни прашања групирани во шест области (економија, социјални политики, домашна политика, човекови права, миграција и меѓународни односи). Овие искази, одбрани врз основа на претпоставката дека прашањата на кои партиите најчесто се осврнуваат се оние поважните за гласачите, се претходно одговорени и од политичките партии“, изјавија од „Импакт“.

    Апликацијата е  достапна и на  албански јазик.

    Ваква алатка, веќе е користена во Холандија, Велика Британија, Велс и на неодамнешните избори во Америка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира