Димитар Ковачевски, досегашен директор на еден од секторите на „Телеком“ е нов извршен директор на мобилниот оператор оне.Вип, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од компанијата.
За овој трансфер оне.Вип најави официјално соопштение во текот на денот.
Ковачевски доаѓа на местото на досегашниот директор Никола Љушев.
Ковачевски беше дел од раководниот тим на „Телеком“ повеќе од 10 години, а во компанијата е речиси целиот работен век – 18 години.
Димитар Ковачевски е стручњак за корпоративно управување во информациските системи и маркетинг политики во телекомуникациската индустрија.