„М Кеш“ и маркетинг агенцијата „Еден на еден“ го продолжуваат партнерството и оваа година и веќе е објавена првата од серијата рекламни кампањи за 2022. Бренд амбасадор повторно е едно од најпознатите ТВ-лица кај нас, Жарко Димитриоски, воедно и креативен директор во „Еден на еден“.
По седум години на пазарот како прва компанија во сегментот на брзи кредити, „М Кеш“ најавува и многу новитети за 2022.
„Среќен сум што резултатите од ланската кампања беа толку успешни и продолжуваме онаму каде што застанавме со нашите партнери од ‘М Кеш‘. Имаат одличен тим во Скопје и Софија и соработката оди совршено. Лани имав ретка привилегија да потпишам режија и сценарио, но и да бидам во главна улога, па тоа што повторно сум нивни бренд амбасадор, ме прави многу благодарен”, вели Димитриоски.
Силвија Александрова е директорката на регионалниот маркетинг на „М Кеш“ и останатите брендови на компанијата „Easy Credit“.
„Благодарна сум на агенцијата ‘Еден на еден‘ за професионалната работа. Обрнуваат внимание на секој детаљ кон секој заеднички проект со ‘М Кеш‘“, вели таа.