СОБРАНИЕТО ТРЕТ ДЕН РАСПРАВА ЗА ФАДИЛ ЗЕНДЕЛИ

    СОБРАНИЕТО ТРЕТ ДЕН РАСПРАВА ЗА ФАДИЛ ЗЕНДЕЛИЗендели во декември поднесе оставка од позицијата потпретседател на Собранието и во оставката наведе дека Беса делува како опозиција. (Фото: Собраниски канал/принтскрин)

    Во македонското Собрание веќе трет ден трае расправата за предлогот за разрешување на пратеникот на Беса Фадил Зендели од Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

    Традиционално, во 13-члената комисија, мнозинство има парламентарното мнозинство (7:6), и Фадил Зендели беше избран за член кога Беса беше дел од власта, но во ноември Беса ја смени страната и заедно со ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива и Левица се обиде да создаде ново парламентарно мнозинство. Обидот пропадна и потоа Алтернатива влезе во владината коалиција и стана дел од парламентарното мнозинство.

    Но, Зендели остана член на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и сега опозицијата има мнозинство таму. Зендели во декември поднесе оставка од позицијата потпретседател на Собранието и во оставката наведе дека Беса делува како опозиција.

    Комисијата за прашања на изборите и именувањата е клучна за функционирањето на Собранието и многу други државни институции, бидејќи преку неа одат сите назначувања што се во надлежност на Собранието.

    Поради блокадата на оваа комисија не може да се изберат и нови уставни судии. Поради истекување на мандатот, Уставниот суд спадна од 9 на 5 судии, што е минимум за негово функционирање, а наскоро претстои пензионирањето и на петтата судијка, Вангелина Маркудова и тогаш Уставен суд ќе нема. Нема да работи всушност, зашто со четворица судии нема да има функционалност и легитимитет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира