Руските ракети првпат паднаа во непосредна близина на Лавов, историски град оддалечен 80 километри од полската граница, кој важи за културна престолнина на Украина. Локалните медиуми кажаа дека се слушнале неколку експлозии, по што густ облак од чад е виден од правецот на аеродромот, кој се наоѓа шест километри од центарот на градот.
„Аеродромот дефинитивно не е погоден, туку зграда за одржување авиони покрај него“, изјави градоначалникот на Лавов, Андриј Садови.
Тој додаде дека засега нема пријави за жртви, но спасувачките екипи се на терен.
Лавов досега важеше за сигурно прибежиште за илјадници луѓе кои бегаат од сите страни на Украина.