ПРОТИВ ПЕТМИНА ОБВИНИТЕЛИ СЕ ПОВЕДЕНИ ДИСЦИПЛИНСКИ ПОСТАПКИ, МЕЃУ НИВ И СКОПСКИ ОБВИНИТЕЛ КОЈ ЗАСТАРИЛ СЛУЧАЈ

    ПРОТИВ ПЕТМИНА ОБВИНИТЕЛИ СЕ ПОВЕДЕНИ ДИСЦИПЛИНСКИ ПОСТАПКИ, МЕЃУ НИВ И СКОПСКИ ОБВИНИТЕЛ КОЈ ЗАСТАРИЛ СЛУЧАЈЕден од суспендираните обвинители е од Основното јавно обвинителство Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Против петмина обвинители се поведени дисциплинки постапки, од кои двајца се суспендирани, а двајца се казнети со помала плата, од почетокот на примената на новиот Правилник за начинот на спроведување на постапката за утврдување одговорност на јавен обвинител за сторена дисциплинска повреда, донесен на 18.05.2021 година, соопшти Јавното обвинителство.

    Еден од суспендираните обвинители е од Основното јавно обвинителство Скопје, кој бил фатен од Вишото јавно обвинителство Скопје дека со непостапување дозволил да настане пролонгирање на постапката или застареност на кривичното гонење.

    „Во другите четири постапки, за јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово исто така е донесено решение за оддалечување од функцијата, за јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола е изречена дисциплинска мерка – намалување на плата во износ од 20% во траење од четири месеци, за јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен е изречена дисциплинска мерка – намалување на плата во износ од 30% во траење од четири месеци, додека една постапка против јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид е во тек“, соопштија од Јавното обвинителство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира