Судијата Александар Милошески демантира дека е нечиј внук, во неговата реакција за текстот http://sdk.mk//index.php/makedonija/panchevski-vrabotil-rodnini-na-dvajtsa-chlenovi-na-sudskiot-sovet-shto-treba-da-go-otsenuvaat/“Панчевски вработил роднини на двајца членови на Судскиот совет што треба да го оценуваат“. Во текстот пишува дека Милошески е внук на Александра Зафировска, член на Судскиот совет и негова експретседателка.
„До канцеларијата за односи со јавноста се обрати и судијата Александар Милошески чие име провејува во написот инсистирајќи да се демантира информацијата дека е нечиј внук, со што горенаведениот новинар треба да ги објави демантираните и непроверени информации на истиот портал каде е објавен и текстот за кој Ве информираме во соодветната реакција. Доколку новинарот располагал со одредени информации и нечии семејни и роднински врски, неговата должност е истите да ги провери пред информациите да бидат објавени со што во спротивно сметам дека станува збор за непрофесионално известување со кои се коси со етиката на новинарството, а го нарушува мојот личен и професионален дигнитет како судија“, се вели во реакцијата од Основниот суд Скопје 1, во име на судијата Милошески.
Основниот суд Скопје 1 реагираше дека “денеска не е направена измена на Годишен план за работа на судии, туку на Распоредот на судската служба“. Во нашиот текст е направена ненамерна техничка грешка, па место годишен распоред за работата на судската служба, стои годишен распоред за работата на судиите.