ВИЛ СМИТ ОДБИ ДА СИ ЗАМИНЕ ОД ОСКАРИТЕ ОТКАКО ГО УДРИ КРИС РОК, КАЖА ФИЛМСКАТА АКАДЕМИЈА

    ВИЛ СМИТ ОДБИ ДА СИ ЗАМИНЕ ОД ОСКАРИТЕ ОТКАКО ГО УДРИ КРИС РОК, КАЖА ФИЛМСКАТА АКАДЕМИЈАСмит во вторникот му се извини на Рок (Фото: АП)

    Од Вил Смит било побарано да си замине од оскаровската церемонија откако го удри Крис Рок на сцената, но одби, соопшти Академијата за филмска уметност и наука. Таа исто така вели дека покренала дисциплинска постапка против Смит.

    Смит се качи на сцената откако Рок кажа шега за избричената глава на неговата сопруга Џејда Пинкет-Смит, која се бори со алопеција поради што ѝ опаѓа косата, при што му удри шамар и потоа се врати на своето место во публиката. Набргу потоа, Смит го прими Оскарот за најдобра машка улога и се извини, но не и на Рок.

    „Од Вил Смит беше побарано да си замине, но одби. Признаваме дека можевме и поинаку да ја решиме ситуацијата“, кажа Академијата.

    Оттаму додаваат дека мерки против Смит би можеле да бидат преземени на следниот состанок на бордот на 18 април и тие вклучуваат суспензија, исклучување или други санкции. Одземањето на Оскарот не е спомнато.

    Смит во вторникот му се извини и на Рок, опишувајќи го своето однесување како неприфатливо и неоправдано.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира