РУСКИ АГЕНТИ РАБОТАТ ПРОТИВ РАЗБИРАЊЕ МЕЃУ БУГАРИЈА И МАКЕДОНИЈА, ВЕЛИ ПЕТКОВ

    РУСКИ АГЕНТИ РАБОТАТ ПРОТИВ РАЗБИРАЊЕ МЕЃУ БУГАРИЈА И МАКЕДОНИЈА, ВЕЛИ ПЕТКОВПетков и Ковачевски во Скопје на 18 јануари годинава. (Фото: СДК.МК)

    Бугарската државна агенција за национална безбедност истражува многу сериозна шпионска мрежа во Бугарија, откри денеска бугарскиот премиер Кирил Петков. Дел од тие шпиони, како што кажа Петков, работат против постигнување договор со Македонија.

    „Како што ми јавија, има руски агенти кои работат против разбирањето со Северна Македонија и да нема европска иднина за Западен Балкан“, изјави Петков.

    Петков предупреди дека постои ризик Западен Балкан да стане втора конфликтна точка, поврзана со војната во Украина. 

    „Најлошо е што Западен Балкан повторно е регион со висок ризик на нестабилност, политичка и секаква“, додаде Петков. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира