УКРАИНА НЕ ДЕМАНТИРА ДЕКА ИЗВРШИЛА НАПАД ВО РУСКИОТ ГРАД БЕЛГОРОД

    УКРАИНА НЕ ДЕМАНТИРА ДЕКА ИЗВРШИЛА НАПАД ВО РУСКИОТ ГРАД БЕЛГОРОДРусија кажа дека два украински хеликоптера ракетирале складиште со нафта (Фото: АП)

    Министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека не може да ја потврди, ниту демантира вмешаноста на Украина во денешниот напад на складиште со нафта во рускиот град Белгород.

    „Јас не ги поседувам сите информации од армијата“, изјави Кулеба.

    Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков кажа дека два украински хеликоптера утрово ја преминале границата на мала височина, по што испукале неколку проектили. Белгород е оддалечен 30 километри од украинската граница, односно 60 километри од Харкив. Ако биде потврден, тоа ќе биде прв украински напад на руска почва од почетокот на инвазијата пред повеќе од еден месец.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека вакви напади не им одат во прилог на мировните преговори, кои денеска продолжија во онлајн формат.

    „Се разбира, тоа не е нешто што создава удобни услови за продолжување на преговорите“, кажа Песков.

    Во нападот нема жртви, додека руската државна агенција „РИА“ објави дека се запалени најмалку осум резервоари со нафта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира