ПЛАТЕНИОТ ПАРКИНГ ВО ВЕЛЕС СТАВЕН ВО МИРУВАЊЕ

    ПЛАТЕНИОТ ПАРКИНГ ВО ВЕЛЕС СТАВЕН ВО МИРУВАЊЕЦелта на оваа одлука била да се елиминираат загубите (Фото: СДК.МК)

    Советот на Општина Велес го стави во мирување платениот паркинг во градот. Образложението кое го доставија од ЈП „Парк-спорт и паркинзи“ беше дека во два квартала биле утврдени финансиски загуби во работењето, а како трошок биле платите на вработените и мобилните телефони. Целта на оваа одлука била да се елиминираат загубите.

    Во првите два месеца од неговото функционирање, во август и септември лани, биле собрани 481.000 денари, а во јануари и февруари само 130.000. Приход носел единствено паркингот пред Основен суд Велес.

    Советниците од СДСМ со амандман побараа платениот паркинг да се укине, но тој предлог не помина, со образложение дека кога ќе се создадат услови да има платен паркинг во Велес, полесно ќе биде со активирање на веќе донесената одлука.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира