РОБЕРТ ЈАНКУЛОСКИ И МОНИКА МОТЕСКА ЈА ПРЕТСТАВИЈА ЕСТЕТИКАТА НА НАПУШТЕНИТЕ ПЕЈЗАЖИ НА 59. ВЕНЕЦИСКО БИЕНАЛЕ

    РОБЕРТ ЈАНКУЛОСКИ И МОНИКА МОТЕСКА ЈА ПРЕТСТАВИЈА ЕСТЕТИКАТА НА НАПУШТЕНИТЕ ПЕЈЗАЖИ НА 59. ВЕНЕЦИСКО БИЕНАЛЕРоберт Јанкулоски и Моника Мотеска во Венеција се со делото „Пејзажно искуство“ (Фото: НГСМ)

    Во објектот „Скуола деи Ланери“, вчера официјално беше презентиран мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“ (Landscape Experience) на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, со кој Македонија се претставува на 59. издание на Венециското биенале за ликовна уметност. На настанот присуствуваа и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорката на Националната галерија на Северна Македонија, Дита Старова-Ќерими, која е и комесарка на проектот.

    Авторите Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорката на Националната галерија Дита Старова-Ќерими (Фото: Министерство за култура)

    Старова-Ќерими истакна дека Националната галерија осми пат е организатор на македонскиот павилјон на Биеналето и ја појасни концепцијата на проектот.


    „Пејзажно искуство“ е мултимедијален проект кој вклучува видеоинсталации, објекти и фотографии. (Фото: Министрество за култура)

    Преку естетиката на магичните пејзажни креации на еден прекрасен, напуштен и еколошки катастрофално уништен геополитички регион, претставени се токсичноста и разорната моќ на привидната надреална убавина врз здравјето на целиот жив свет. Авторите Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска и во своите досегашни проекти ја разгледуваат и обработуваат естетиката на напуштените/запуштени пејзажи, ставајќи ги во нов контекст и постојано барајќи нови слоеви на читање на диспозитивите живот-смрт, убаво-грдо, опојно-отровно“, рече Старова-Ќерими.

    Дел од „Пејзажно искуство“. (Фото: Министерство за култура)

    Кураторки се Ана Франговска и Сања Којиќ-Младенов. Венециското биенале ќе се одржува од 23 април до 27 ноември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира