АЛБАНСКИ УМЕТНИК НАПРАВИ МОЗАИК СО ЛИКОТ НА МАЈКА ТЕРЕЗА СО ХЕФТАЛКА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Приштина,(АП)

    АЛБАНСКИ УМЕТНИК НАПРАВИ МОЗАИК СО ЛИКОТ НА МАЈКА ТЕРЕЗА СО ХЕФТАЛКА

    Албански уметник направи мозаик со портретот на Мајка Тереза користејќи хефталка како повик до европските земји да престанат да подигнуваат огради за да ги затворат границите за бегалци. Направен за помалку од месец, Саимир Страти го откри денеска мозаикот од десет метри квадратни, составен од 1,5 милиони спојувалки во Националниот музеј на Косово во Приштина.

    Идејата му дошла на Страти откако видел стотици илјади сириски бегалци како доаѓаат во Европа додека дипломатијата и политиката не успеале да ја решат нивната ситуација.

    Страти се надева дека ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди за уметничко дело со најмногу спојувалки. (Фото: АП)

    Страти се надева дека ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди за уметничко дело со најмногу спојувалки. (Фото: АП)

    „Само хуманизмот на Мајка тереза може да ги спаси. Ова е година на Мајка Тереза“ изјави Страти за АП.

    Мајка Тереза, која неодамна беше прогласена за светица, потекнува од албанско семејство од Скопје.

    50-годишниот Страти се надева дека по 10. пат ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди за уметничко дело со најмногу спојувалки, откако претходно направи други мозаици со чепкалки за заби, зрна кафе и тапи за вино.

    За портретот на Мајка Тереза, тој користеше бели и кафени спојувалки, какви што има во многу продавници.

    „Видов толку многу спојувалки искористени за летоци и документи на самитот Г-20. Но тие документи се уште не донеле мир и подобар живот во светот“, вели тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира