ОТВОРАЊЕ СМЕТКА ВО „ГАСПРОМБАНК“ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РУСКИОТ ГАС НЕ МОРА ДА ЗНАЧИ КРШЕЊЕ НА САНКЦИИТЕ, ВЕЛИ ГЕРМАНИЈА

    ОТВОРАЊЕ СМЕТКА ВО „ГАСПРОМБАНК“ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РУСКИОТ ГАС НЕ МОРА ДА ЗНАЧИ КРШЕЊЕ НА САНКЦИИТЕ, ВЕЛИ ГЕРМАНИЈАЕУ е поделена околу тоа дали прифаќањето на барањето на Москва значи прекршување на санкциите (Фото: ДПА)

    Европските енергетски компании можат да отворат посебни сметки во „Гаспромбанк“ за плаќање на рускиот гас без да ги прекршат западните санкции ако со префрлањето на еврата и доларите на нив ги исполнуваат своите договорни обврски, соопшти германското министерство за економија.

    Русија оваа недела престана да им испорачува гас на Русија и Бугарија откако тие одбиле да платат за него во рубли, предупредувајќи дека ова чека и други држави ако не ја почитуваат наредбата на Владимир Путин. Од членките на ЕУ, само Унгарија се изјасни дека ќе плаќа во рубли.

    Европската Унија е поделена околу тоа дали прифаќањето на барањето на Москва значи прекршување на санкциите.

    „Постојат европски упатства за начините на плаќање кои ја формираат рамката за нас и до која се придржуваме. Според овие упатства, сметката на која се уплаќа во евра/долари е во согласност со санкциите ако компаниите се изјаснат дека договорите се исполнети со вакви плаќања“, изјави портпаролот на министерството за економија на Германија.

    Европската комисија кажа дека ќе им испрати дополнителни упатства на членките на ЕУ дали можат да продолжат да плаќаат за рускиот гас без да ги кршат санкциите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира