Клучните причини зошто Македонците се најнесреќните на Балканот, според последното истражување на ОН го потцртува чувството на нееднаквост и неправичност, смета антропологот проф. Горан Јанев, за емисијата „25 минути“ на ТВ 24.
Тој ги апострофира најважните индикатори:
„Општествената сплотеност во Македонија е избришана, шансите не се еднакви за сите, правото и правдата не важат еднакво за сите, економските можности исто така не се еднакви за сите. Се монополизираат државните, човечките и институционалните ресурси од партиите веќе со децении, што доведе до крајно корумпиран систем во самата суштина, во сржта, и кај луѓето е изгубена довербата во институциите. Сето ова го покажуваат бројките на луѓе кои веќе ја напуштиле земјата или се спремни да си одат“, вели Јанев за емисијата „25 минути“.