БРАНИТЕЛИТЕ НА ХАРКИВ СТИГНАЛЕ ДО РУСКАТА ГРАНИЦА, ВЕЛАТ ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ

    БРАНИТЕЛИТЕ НА ХАРКИВ СТИГНАЛЕ ДО РУСКАТА ГРАНИЦА, ВЕЛАТ ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИMинистерството за одбрана објави видео од украински војници како стојат на границата со Русија

    Украинските сили кои го бранат Харкив стигнале до државната граница со Русија, изјави регионалниот гувернер Олег Синегубов. Ова се надоврзува на украинската контраофанзива на североистокот на земјата во изминатите денови, која придонесе руските сили да се повлечат од околината на Харкив, вториот по големина град во Украина.

    Украинското министерство за одбрана објави видео од украински војници како стојат на границата со Русија, иако не е прецизирано каде точно се наоѓаат.

    Украинската војска во саботата објави дека Русите се повлекуваат од Харкив, кој досега беше една од главните цели на Москва.

    Харкив, кој е сместен 50 километри од руската граница, со недели беше интензивно гранатиран. Синегубов викендов изјави дека веќе неколку дена немало бомбардирања на градот, во кој голем дел од 1,4 милиони жители зборуваат руски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира