ПОЧИНА РАДИО НОВИНАРОТ МАРКО ИЛКОВСКИ

    ПОЧИНА РАДИО НОВИНАРОТ МАРКО ИЛКОВСКИИлковски го помина целиот работен век во Македонското радио (Фото: МИА)

    Марко Илковски, долгогодишниот новинар во Македонското радио, почина на 75 години, објави државната агенција МИА.

    „Илковски го помина целиот работен век пред микрофонот на нашето радио, на кое му го посвети секој миг, од раните утрински до ноќните часови. Остави траен белег во радиото со бројни документарни емисии и програми посветени на иселениците, Македонската православна црква и на сите значајни настани во историјата на македонската држава“, информираа од Македонското радио.

    Илковски денеска беше погребан на Градските гробишта Бутел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира