ВЕЌЕ НЕМА ПОМАЛИ ДАНОК И АКЦИЗА ЗА ГОРИВАТА, ОД ПОЛНОЌ БЕНЗИНОТ 104 ДЕНАРИ, А ДИЗЕЛОТ 95

    ВЕЌЕ НЕМА ПОМАЛИ ДАНОК И АКЦИЗА ЗА ГОРИВАТА, ОД ПОЛНОЌ БЕНЗИНОТ 104 ДЕНАРИ, А ДИЗЕЛОТ 95Намалувањето на давачките за горивата беше една од мерките на Владата донесени на 12 март. (Фото: СДК.МК)

    Од вечерва на полноќ престануваат да важат намалените акциза и ДДВ за горивата, па Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука да ги поскапе бензинот и дизелот.

    Новата цена на бензинот е 104 денари за ЕУРОСУПЕР 95 и 106,5 денари за ЕУРОСУПЕР 98, што е поскапување за 9, односно 9,5 денари. ЕУРОДИЗЕЛОТ поскапува за 9 денари на 95 денари.

    Од Регулаторна комисија објаснуваат дека цената на нафтата и нафтените деривати на светскиот пазар не се поскапени од претходната пресметка, па поскапувањето се должи на промената на износот на акцизата и данокот на додадена вредност.

    Намалувањето на давачките за горивата беше една од мерките на Владата донесени на 12 март да се преброди економската криза предизвикана од енергетската криза и војната во Украина и беа со важност до денеска.

    Со мерките беше укинат и ДДВ за основните прехранбени продукти, а од утре повторно ќе биде 5 отсто.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира