ПАТРИЈАРХОТ НА СПЦ ПОРФИРИЈ МУ ГО ВРАЧИ ДОКУМЕНТОТ ЗА САМОСТОЈНОСТ НА МПЦ-ОА НА АРХИЕПИСКОПОТ СТЕФАН

    ПАТРИЈАРХОТ НА СПЦ ПОРФИРИЈ МУ ГО ВРАЧИ ДОКУМЕНТОТ ЗА САМОСТОЈНОСТ НА МПЦ-ОА НА АРХИЕПИСКОПОТ СТЕФАНПред врачувањето, Порфириј рече дека се создале услови и дека Охриската архиепископија има способнист да биде самостојна црква. (Фото: Танјуг)

    Патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Порфириј му го врачи документот (томос) за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) на архиепископот Стефан, по заедничката архиерејска литургија која ја служеа во Соборната црква во Белград со владици од двете цркви. Пред врачувањето, Порфириј рече дека се создале услови и дека Охриската архиепископија има способнист да биде самостојна црква.

    Следниот викенд, во седиштето на Вселенската патријаршија во Истанбул, треба да се одржи историска заедничка литургија на вселенскиот патријарх Вартоломеј и архиепископот Стефан.

    На заседанието на Светиот архиерејски собор во мај оваа година, СПЦ едногласно донесе одлука да се признае автокефалноста на МПЦ. За одлуката гласаа сите 42 епископи на СПЦ. На 24 мај, на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, српскиот патријарх Порфириј објави дека СПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ-ОА. Патријархот тогаш рече дека по заедничкото спроведување на техничко-организациските детали ќе бидат известени останатите православни цркви кои ќе бидат повикани „по својот канонски ред и поредок“ да го прифатат автокефалниот статус на МПЦ-ОА.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира