НАУЧНИЦИТЕ ВЕРУВААТ ДЕКА ГО ОТКРИЛЕ ПОТЕКЛОТО НА ЦРНАТА ЧУМА, КОЈА УБИЛА ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЛУЃЕ

    НАУЧНИЦИТЕ ВЕРУВААТ ДЕКА ГО ОТКРИЛЕ ПОТЕКЛОТО НА ЦРНАТА ЧУМА, КОЈА УБИЛА ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЛУЃЕЧума е потенцијално смртоносна болест предизвикана од бактерија која живее во некои животни (Фото: Гети)

    Научниците веруваат дека го пронашле потеклото на црната чума, повеќе од 600 години откако оваа болест убила десетици милиони луѓе во Европа, Азија и северна Африка. Пандемијата од средината на 14. век се смета за една од најголемите здравствени катастрофи во човечката историја, но и покрај долги години истражувања, научниците не успевале да откријат каде почнала.

    Новите анализи сугерираат дека тоа било во Киргистан во централна Азија во 1330-ите.

    Шкотски и германски научници анализирале древни примероци на ДНК од заби од скелети од гробишта близу езерото Исјук Кул во Киргистан. Тие ја избрале областа откако забележале дека таму имало значителен пораст на погребувањата во 1338 и 1339 година.

    Тимот секвенционираше ДНК од седум скелети. Ги анализираше забите зашто тие содржат многу крвни садови и на истражувачите им даваат големи шанси да откријат патогени кои се пренесуваат преку крв кои можеби се причината за смртта. Во три од нив беше пронајдена бактерија на чума“, изјави Марија Спиру од Универзитетот во Тибинген.

    Чума е потенцијално смртоносна болест предизвикана од бактерија која живее во некои животни, главно глодари. Бубонска чума е најчестата форма на болеста, а историски се нарекува и црна смрт.

    Пандемијата на црната чума траела од 1346 до 1353 година, при што починале меѓу 75 и 200 милиони луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира