Велика Британија ја одобри екстрадицијата на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, во САД. Од министерството за внатрешни работи кажаа дека тој има 14 дена за поднесување жалба.
Асанж е баран во САД за објавување илјадници доверливи воени и дипломатски документи во 2010 и 2011, при што се соочува со низа кривични дела, како шпионажа и хакирање.
Одлуката на министерката Прити Пател следува шест месеци откако Високиот суд на Лондон ја одобри екстрадицијата, прифаќајќи ги американските гаранции за тоа како ќе биде третиран.
Асанж е во затвор од 2019 откако еквадорската амбасада во Лондон му го укина азилантскиот статус.