Коалицијата „За живот во Македонија“, предводена од СДСМ вечерва во Скопје го одржува централниот митинг од кампањата за изборите на 11 декември. На митингот пред Владата, лидерот на СДСМ Зоран Заев и дел од кандидатите на изборните листи ја презентираат програмата на собраните поддржувачи.
ВМРО-ДПМНЕ го одржа централниот митинг во Скопје на 27 ноември, кога гостин им беше австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.