Руски ракети погодиле трговски центар во градот Кременчук во регионот Полтава, кој, според претседателот Зеленски, во тој момент бил полн со луѓе. Снимките од местото на настанот покажуваат објект во пламен, а според првичните информации, има најмалку двајца загинати и 20 повредени.
„Илјада луѓе имало во трговскиот центар во моментот кога бил погоден. Објектот не претставуваше никаква закана за руската војска, ниту имаше стратешка вредност. Тој е во пламен и невозможно е да се замисли бројот на жртвите“, напиша Зеленски на Телеграм.
И градоначалникот на Кременчук, Витали Мелецки, изјави дека трговскиот центар бил полн со луѓе.
„Не знам зошто е погоден и колку луѓе се повредени или загинати“, кажа Мелецки.