БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ МИГРАНТИ ОСТАВЕНИ ВО КАМИОН ВО ТЕКСАС ПОРАСНА НА 50

    БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ МИГРАНТИ ОСТАВЕНИ ВО КАМИОН ВО ТЕКСАС ПОРАСНА НА 50Во камионот немало вода за пиење и клима-уред (Фото: АП)

    Сиромаштија и очај доведоа до смртта на најмалку 50 мигранти кои беа пронајдени оставени во камион близу Сан Антонио, Тексас, изјави мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор. Во групата имало 22-ца Мексиканци, седуммина Гватемалци и две лица од Хондурас, додека националноста на останатите се утврдува.

    Меѓу 12-те преживеани се и четири деца. Властите велат дека сите биле жешки на допир и страдале од топлотен удар и исцрпеност. Во камионот немало вода за пиење и клима-уред.

    Ова се случува поради шверц и недостиг на контрола на границата, но и во внатрешноста на САД“, кажа Обрадор.

    Сан Антонио, оддалечен 250 километри од мексиканската граница, е главна транзитна маршрута за шверц на луѓе. Шверцерите често користат камиони за транспорт на мигранти, кои ги собираат на зафрлени места откако тие ќе ја преминат границата.

    Ова е најголемата трагедија поврзана со шверц на мигранти во САД досега. На самото место се пронајдени 46 тела, а уште четири лица починале во болница.

    Тие едноставно го паркирале камионот покрај патот. Веројатно имале механички проблем и го оставиле. Мислиме дека дошле од Ларедо“, изјави окружниот судија Нелсон Волф, алудирајќи на мексикански град кој се наоѓа 240 километри од границата со САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира