ГО ДЕБЛОКИРАВТЕ ПАТОТ ШТО ЌЕ ЈА ОДВЕДЕ МАКЕДОНИЈА НА МЕСТОТО КАДЕ ШТО ТРЕБА ДА БИДЕ, МУ КАЖА ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР САНЧЕС НА КОВАЧЕВСКИ

    ГО ДЕБЛОКИРАВТЕ ПАТОТ ШТО ЌЕ ЈА ОДВЕДЕ МАКЕДОНИЈА НА МЕСТОТО КАДЕ ШТО ТРЕБА ДА БИДЕ, МУ КАЖА ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР САНЧЕС НА КОВАЧЕВСКИШпанскиот премиер Санчес кажа дека од шпанското искуство со реформите за влез во ЕУ, секогаш вреди да се биде дел од европскиот и политички проект – ЕУ. (Фото: Влада)

    Шпанскиот премиер Педро Санчес рече дека Македонија може да смета на поддршката од Шпанија на следните чекори за членство во ЕУ, на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски денеска во Скопје.

    „Северна Македонија е во Европа, како географски, така и историски и сега сте еден чекор поблиску до вашата посакувана цел. Можете да сметате на поддршката од Шпанија на вашите следни чекори за членство во ЕУ. Ве поддржуваме и ќе продолжиме да Ве поддржуваме“, изјави Санчес, кој ја нарече симболична поради две основни причини – прво дека пред неколку дена се деблокира процесот за отпочнување на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ и второ, како што рече, обединетоста против бруталната агресија на Путин во Украина.

    „Благодарност за вашата широкоградост и одговорност, што ја ставивте иднината на земјата и вашата европска визија пред било кој друг интерес. Го направивте правиот избор, го деблокиравте патот што ќе ја доведе Северна Македонија на местото каде што треба да биде“, додаде шпанскиот премиер.

    Тој вели дека од шпанското искуство со реформите за влез во ЕУ, секогаш вреди да се биде дел од европскиот и политички проект – ЕУ.

    „Убеден сум дека Северна Македонија што поскоро ќе биде дел од ова“, рече Санчес.

    Посетата на Санчес на Македонија е дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан, што ги вклучува и Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира