ПОЧНА ДА СЕ ПРАВИ НОВ ПОТПОРЕН ЅИД НА БУЛЕВАР БОРИС ТРАЈКОВСКИ ВО ПИНТИЈА ОТКАКО СТАРИОТ СЕ УРНА

    ПОЧНА ДА СЕ ПРАВИ НОВ ПОТПОРЕН ЅИД НА БУЛЕВАР БОРИС ТРАЈКОВСКИ ВО ПИНТИЈА ОТКАКО СТАРИОТ СЕ УРНАВо мај годинава потпорниот ѕид по врнежи од дожд се урна и целата земја се излизга на булеварот.(Фото: Улици и патишта)

    Екипите на ЈП „Улици и патишта“ почнаа да прават нов потпорен ѕид на булеварот Борис Трајковски кај населбата Пинтија. Во мај годинава потпорниот ѕид кој беше направен во време на ексградоначалникот Коце Трајновски при проширување на улицата Првомајска, по врнежи од дожд се урна и целата земја се излизга на булеварот. Оттогаш делот на булеварот беше заграден, а деновиве почна да се отстранува стариот и оштетен бетонски потпорен ѕид кој остана.

    Од „Улици и патишта“ велат дека до сега не се интервенирало оти се правело проектно решение со кое долгорочно ќе се реши овој проблем.

    „Откако ќе се расчисти теренот и ќе се загради просторот на градилиштето, ќе следува ископ на земја на потпорната конструкција. Потпорниот ѕид има променлива висина, а вкупната должина е 152 метри. Откако ќе бидат изведени армирачко бетонските работи на потпорниот ѕид ќе се постави дренажниот систем кој се состои од дренажна цевка, филтерски материјал и барбакани“, велат од „Улици и патишта“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира