Наградуваниот италијански режисер Емануеле Кријалезе откри дека бил роден како жена, додека го промовираше својот нов автобиографски филм „L’Immensita“ на Венецискиот фестивал.
Филмот зборува за италијанско семејство кое живее во Рим во 1970-ите, при што највозрасната ќерка се идентификува како момче, што дополнително ги заострува односите помеѓу неа и нејзините родители.
„Филмот е инспириран од моето детство и мојата сопствена приказна. Биолошки сум роден како жена, но тоа не значи дека во мене немам и голем дел од женската личност. Тоа е можеби мојот најдобар дел“, изјави Кријалезе, кој во 2011 ја освои Специјалната награда на жирито во Венеција за филмот „Terraferma“.
Тој за првпат јавно прозборе за својата транзиција, без да открие детали.
„Во одреден момент морав да направам избор, дали ќе живеам или ќе умрам. Вие не избирате да одите на едно вакво патување, туку се раѓате таков“, кажа Кријалезе.