ИНФЛАЦИЈАТА ВО АВГУСТ ДОСТИГНА РЕКОРДНИ 14,2 ОТСТО, НАЈМНОГУ ПОСКАПЕ ТУРИСТИЧКОТО СМЕСТУВАЊЕ И ПАРНОТО

    ИНФЛАЦИЈАТА ВО АВГУСТ ДОСТИГНА РЕКОРДНИ 14,2 ОТСТО, НАЈМНОГУ ПОСКАПЕ ТУРИСТИЧКОТО СМЕСТУВАЊЕ И ПАРНОТОВо јули, индексот на цените на мало беше зголемен за 14 отсто, а во јуни за 13,7 отсто. (Фото: СДК.МК)

    Инфлацијата во Македонија достигна нов рекорд во август – 14,2 отсто, според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Споредено со август лани, индексот на цените на мало бележи зголемување од 14,2 отсто, а индексот на трошоците на животот бележи зголемување од 16,8 отсто.

    Споредено со минатиот месец, најголемо зголемување има кај услугите за сместување – 27,6 % и кај централното греење – 14,2 %. Раст на цените е забележан и кај лебот и житата – 6,4 %, свежото и разладеното овошје – 3,8 %, млекото – 3,6 % и кај месото – 2,5 %.

    Намалување на цените во август има кај горивата и мазивата за сопствените превозни средства – 10,9 % и кај течните горива за домаќинствата – 10,3%.

    Во јули, индексот на цените на мало беше зголемен за 14 отсто, а во јуни за 13,7 отсто.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира