ПОЧИНА СРПСКИОТ КОМПОЗИТОР КОРНЕЛИЈЕ КОВАЧ

    ПОЧИНА СРПСКИОТ КОМПОЗИТОР КОРНЕЛИЈЕ КОВАЧКовач беше член на „Индекси“ и „Корни група“ и автор на најголемите хитови на Здравко Чолиќ (Фото: Танјуг)

    Еден од најпознатите композитори во бивша Југославија, Корнелије Ковач, почина на 81 година во Белград, објави неговото семејство. Ковач беше член на групите „Индекси“ и „Корни група“ и автор на најголемите хитови на Здравко Чолиќ.

    Роден во Ниш во 1942, Ковач почнал да пишува музика уште како тинејџер. Во 1966 станал член на сараевската рок група „Индекси“, а по преселбата во Белград ја основал „Корни група“, која ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1974.

    Потоа се посветил на компонирање песни за други пејачи, меѓу кои особено се истакнува соработката со Здравко Чолиќ, кој со негови хитови станал најголемата југословенска поп ѕвезда. Песни на Ковач снимија и Неда Украден, Бисера Валетанлиќ, Оливера Катарина, Мики Јевремовиќ, Лепа Брена и „Генерација 5“.

    Ковач работеше и на бројни музички проекти во Англија и Шпанија, а пишуваше музика и за театар, филм и телевизија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира