Градоначалникот на Општина Арачиново Ридван Ибраими од ДУИ денеска пријавил во полиција дека бил физички нападнат од повеќе лица. Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот.
„На 13.09.2022 во 09.46 часот во СВР Скопје, градоначалникот на Општина Арачиново пријавил дека бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за државната агенција МИА.
Полицијата потоа приведе три лица во врска со пријавата на градоначалникот и од МВР велат дека против нив ќе биде поднесена кривична пријава за кривичното дело Насилство.