ЏЕЈМС ЕРЛ ЏОНС ПО 45 ГОДИНИ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД УЛОГАТА НА ДАРТ ВЕЈДЕР

    ЏЕЈМС ЕРЛ ЏОНС ПО 45 ГОДИНИ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД УЛОГАТА НА ДАРТ ВЕЈДЕРЏонс им дозволил на продуцентите на новата серија „Оби-Ван Кеноби“ да го рекреираат неговиот глас

    Легендарниот американски актер Џејмс Ерл Џонс се повлекол од улогата на Дајт Вејдер откако повеќе од 40 години му го позајмуваше својот глас во серијалот „Војна на ѕвездите“.

    Иако 91-годишниот Џонс е наведен како дел од екипата на новата серија „Оби-Ван Кеноби“, нејзиното излегување беше проследено со шпекулациите дали тој навистина снимал дијалози за култниот негативец. Сега е потврдено дека Џонс учествувал во проектот, но лично не го позајмил својот глас.

    Венити фер“ откри дека Џонс им дозволил на продуцентите на серијата да го рекреираат неговиот глас со помош на архивски снимки и вештачка интелигенција, што било дело на украинскиот стартап „Респичер“.

    Препознатливиот баритон на Џонс е дел од „Војна на ѕвездите“ од самите почетоци, уште од првиот филм „Нова надеж“ од 1977. Тој потоа беше гласот на Дарт Вејдер во уште пет филма, како и во анимираната серија „Бунтовници“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира